Change text size:   <p>Increase font size</p>   <p>Reduce font size</p>  |   Print page:   <p>Print this page</p>
  |   Contact us   Contact us icon   
 
languages
Macedonian
Macedonian
Повеќе информации на македонски јазик
Други теми на македонски јазик
Сродни информации
Дома – македонски јазик
Вратете се на почеток од страната

Mакедонски јазик - Работење во Нов Јужен Велс 

Вашите основни права и обврски на работа

Како да ги знаете вашите законски правана работа

Прирачник од Одделот на Нов Јужен Велс за работни односи (NSW Industrial Relations)

Започнување работа на проба

Повеќето понуди за работа се добиваат после разговор за работа.

Кога ќе ви понудат работа, може да побараат од вас да работите за одреден пробен период за да видат дали можете да ја извршувате работата. Работодавецот мора да ви каже колку ќе трае пробниот период и мора да ви плати за секоја работа што ќе ја изведувате.

Ако побараат од вас да работите на пракса без да ви исплаќаат, тоа мора да се организира преку регистрирана образовна установа за обучување, како на пример, преку училиште, TAFE или факултет.

Побарајте да ви ја дадат понудата за работа написмено

Кога ќе ви понудат работа, добра идеја е да побарате од работодавецот написмено да ви ги објасне условите на работа и што се очекува од вас да правите.

Писмото треба да ги содржи следните работи:

  • името на вашиот работодавец
  • што вклучува работата и список на вашите должности
  • колку ќе ве плаќаат на час, неделно или секои две недели
  • вашето работно време
  • дали работите на повик, со полно или скратено работно време
  • условите на вработување
  • спогодбата за вработување според која ќе работите, на пример, работна спогодба или договор.

Пред да ја прифатите понудата за работа

Може да се вработите според работна спогодба или договор.  Ако побараат од вас да потпишете документ со кој се согласувате на работните услови, прво внимателно треба да го прочитате.  Немојте да се чувствувајте дека сте присилени веднаш да се потпишете, посебно ако тоа не ви одговара.

Побарајте од работодавецот да ви даде време да го разгледате документот. 

Слободно земете го договорот дома и прегледајте го заедно со други лица во кои имате доверба. Можеби ќе сакате да побарате правен совет пред да донесете одлука.

Ако не сте сигурни за условите од договорот што побарале да го потпишете, телефонирајте на Информативната линија за праведна работа (Fair Work Infoline) на 13 13 94.

Работна спогодба или договор

Работните услови под кои работите може да бидат утврдени со работна спогодба или договор.

Утврдете која работна спогодба или договор се однесува на работата што ја изведувате, затоа што спогодбата или договорот опфаќаат работи како што се минималната плата која мора да ви се исплаќа, било какви дополнителни исплати за работа во посебни услови кои мора да ви се исплаќаат и во спогодбата/договорот во кратки црти се објаснети работите кои вашиот работодавец може да очекува од вас да ги правите и работите кои не може да очекува од вас да ги правите.

Телефонирајте на Fair Work Infoline на 13 13 94 за да дознаете која работна спогодба се однесува на вас или дали постои договор кој се однесува на вашата работна организација.

Вашата плата

Работодавецот мора да ви ја исплаќа барем минималната стапка на исплата која е утврдена со вашата работна спогодба или договор или минималната плата утврдена на национално ниво за вработените лица кои не работат според никаква работна спогодба. Оваа стапка на исплата ќе зависи од видот на работата која ја изведувате и кога ќе работите.  Може да ве исплаќаат повеќе отколу што изнесува минималната стапка на исплата.

Исто така, може да добивате додатоци за извршување на одредени работни задачи, исплата за прекувремена работа или дополнителни исплати ако работите ноќе, за викенди или државни празници.

Работодавецот мора да ве исплаќа редовно и ако вие го барате тоа, да ве исплаќа барем еднаш секои две недели.

Работодавецот не може да одбива никакви парични износи од вашата плата освен ако вие сте се согласиле на тоа и тоа написмено или ако тоа е утврдено со законот. Не може да ви одбиваат никакви парични износи од исплата за годишен одмор.

Мора да ви плаќаат во готово, со чек или да ги ставаат парите на вашата банковна сметка.

Кога ќе ја добивате вашата плата, работодавецот мора да ви даде извод од платниот список во кој се објаснува што ви плаќаат.

Национални стандарди за вработување (National Employment Standards)

За сите работници кои работат за работодавци во приватниот сектор важат десет National Employment Standards (NES).

Според NES-стандардите, вработените имаат законско право да работат споредодредени минимални услови на работа.

Заедно со стапките на исплата кои се утврдени во нивната работна спогодба или договор или минималната плата утврдена на национално ниво, NES-стандардите ја формираат безбедносната мрежа која работодавецот не може да ја измени за да ги обесправи работниците.

Што националните стандарди за вработување му обезбедуваат на секој работник?

Десетте NES-стандардиим обезбедуваат на секое вработено лице во приватниот сектор:

  1. Максимален број на часови на работа неделно – 38 часови неделно, плус разумен број на дополнителни часови.
  2. Да бара флексибилно работно време што им дозволува на родителите или старателите на деца на претшколска возраст или онеспособени деца на возраст под 18 години да поднесат барање условите под кои работат да се изменат за да им се помогне при негувањето на децата.
  3. Отсуствување од работа за родителии соодветни права – најмногу до 12 месеци неплатено отсуствување од работа за секое вработено лице, плус право да се бара дополнително отсуствување од работа во период од 12 месеци плус други видови на породилно отсуство од работа (за мајка или татко) и отсуство од работа при посвојување на дете.
  4. Годишен одмор – 4 недели платено отсуствување од работа, плус една дополнителна недела за одредени работници кои работат на смени.
  5. Отсуствување од работа заради лични причини/како негувател и отсуствување од работа заради смрт/болест во семејството – 10 дена платено отсуствување од работа заради лични причини/како негувател, два дена неплатено отсуствување од работа како негувател според потребите и два дена отсуствување од работа заради смрт/болест во семејството според барање.
  6. Отсуствување од работа за работа во заедницата – неплатено отсуствување за доброволна работа во ургентни случаи и отсуствување од работа за служење како поротници со право на исплата до 10 дена.
  7. Одмор после долгогодишна служба – право на акумулирање на однор после долгогодишна работа.
  8. Државни празници – платени денови за 8те национални државни празници плус сите државни или локални празници.
  9. Известување за прекин на работниот однос и исплата за испуштање од работа како технолошки вишок– известување за прекин на работниот однос најмногу до 4 неделиоднапред (5 недели ако вработеното лице е на возраст над 45 години и ако тој/таа работел непрекинато најмалку 2 години) и исплата како технолошки вишок за период до 16 недели, во двата случаи врз основа на тоа колку долго тој/таа работел/а.
  10. Обезбедување на информативен лист во врска со праведна работа (Fair Work Information Statement) – работодавците мора да им го дадат овој лист на сите нововработени лица.

Работници на повик

Работниците на повик примаат дополнителна исплата, позната како надоместок (loading), како компензација што не добиваат исплата за отсуствување од работа, на пример, за отсуствување од работа поради болест и за други видови на отсуствување од работа, затоа што за нив не важи предвремено известување за прекинување на работниот однос и затоа што не им се гарантира вработувањето. 

Вашите работни обврски

Како вработено лице, мора да ги почитувате сите законски и разумни упатства кои ќе ви ги даде вашиот работодавец и да соработувате со него при одржувањето на безбедна и здрава работна средина.

Прекинување на работниот однос

Работниот однос можете да го прекинете ако вие или работодавецот дадете соодветно предвремено известување, по можност написмено.  Проверете колку изнесува периодот за предвремено известување во вашата работна спогодба или договор.

Работодавецот може да ви даде отказ:

  • на датумот кога завршува вашиот договор за работа на одреден период
  • за лошо или незадоволително изведување на работата
  • заради здравствени причини, ако повеќе не можете да ги извршувате вашите должности (меѓутоа не во периодот од шест месеци откако сте се повредиле на работа)
  • заради очигледно или намерно несоодветно однесување на работа, како резултат на што може да добиете отказ без претходно известување.

Отказ од работа исто така можете да добиете ако се појави опаѓање во деловната работа на организацијата или ако таа се реорганизира и вашето работно место повеќе не постои. Ова е отпуштање од работа како технолошки вишок.

Проверете ја вашата работна спогодба или договор и NES-стандардите за да видете дали можеби постојат некои дополнителни исплати.

Корисни Интернет страници и контакти

NSW Industrial Relations
www.industrialrelations.nsw.gov.au

Fair Work Online
www.fairwork.gov.au

Fair Work Infoline
Телефон: 13 13 94